СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.М.(58) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години”, казниво по член 188 став 1 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР.
„На 15 април Ј.М. извршил обљуба врз 13 годишно девојче и го фотографирал. По преземени мерки од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, лицето е лишено од слобода и од него се одземени мобилен телефон и патничко моторно возило “мерцедес”, сооштува МВР, од каде што додаваат дека силувачот е веќе во притвор.
