fbpx

Пристигнаа уште 149 граѓани од Авганистан за кои Македонија обезбедува привремен престој

-

Доцна синоќа на Меѓународниот аеродром во Скопје пристигна нова група од 149 граѓани од Авганистан. Станува збор за стипендисти на Фондациите Отворено општество и граѓани кои работеа во меѓународните мисии за развој на демократијата во Авганистан, како и членови на нивните семејства.

„Република Северна Македонија останува посветена како дел од меѓународната хуманитарна акција за помош на граѓани од Авганистан кои во изминатиов период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот“ се вели во соопштението на Владата.

Граѓаните кои пристигнаа ќе бидат привремено сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација, а трошоците за нив се во целост покриени од меѓународните организации.

Откако по слетувањето синоќа за бегалците беше спроведена стандардна процедура, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина Црвениот крст им подели хигиенски пакети и облека.

Црвениот крст дистрибуираше дополнителни средства за хигиена, зимска облека и обувки и за лицата кои претходно пристигнаа во Македонија.

Пред три дена на Скопскиот аеродром пристигнаа уште 97 граѓани од Авганистан за кои земјава обезбедува привремен престој. До сега во Македонија пристигнаа вкупно 450 граѓани на Авганистан.

Вчера еврокомесарката Илва Јохансон на форумот за заштита на авганистанските граѓани во опасност, на кој се собраа повеќето земји членки на ЕУ, УНХЦР и Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) побара земјите од Европската Унија (ЕУ) да примат 42.500 авганистански бегалци во наредните пет години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...