Иако се отвори нова снежна зона во Where Winds Meet, овој додаток сјае највеќе со приказната. Има две приказни кои се впечатливи и емотивни, една за млад јунак што свири на „Пипа“ – кинески инструмент сличен на лута или гитара, а втората главна приказна е сага за “Забранета љубов”.

Новатa снежна зона во регионот Hexi донесе и нови механики за истражување, нови квалитетни приказни на ланци на квестови, олесното правење колекции од oddities и две нови оружја со нови вештини. Секако и аптејтирани борби против главни непријатели, во вид на мини рејдови, со драстично злголемена тешкотија. Дополнителни и нови предизвици за играчите.

Во Where Winds Meet како дел од Hexi експанзијата се отвори второто поглавје наречено Liangzhou. При продолжетоците во експанзијата во играта се следи правилото на образецот на „Вселенска Опера“ од Научната Фантастика, каде се патува на планети што се еднолични во геоцентризмот, на пример цела планета вегетација како прашума, цела планета од море, или цела снежна планета, пеколна планета со вулкани која целата гори итн. 

Овде таа патерна на прогресија на дејство се пресликува во најновата експанзија наречена Hexi термин што на кинески се чита и изговара како „Шр’ши“ -каде се почна со целосна мапа само од пустина, стигна аптејтот со нова мапа цела со снежни области, а во иднина следи мапа со вегетација и ширни полиња, заоблени ридови, преслапи и зелени површини со висока трева и секаква вегетација.      

Where Winds Meet new snow stage update Full Map скриншот од лична архива на Иван Стојановски
Фото: Where Winds Meet new snow stage update Full Map скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Што се однесува до левелот -максималниот левел на ликови е сега lvl 90 на глобалната верзија од играта, има нови оружја и надграби и нови сетови за тунирање опрема, двете нови оружја и „Martial Arts во концептот на играта“ што дојдоа со Liangzhou апдејтот, се викаат Snow Parting Blade (Сечиво што ги двои снеговите) со Heng Blade -сосема нов тип на меч и доста популарно и најкористено оружје во моментов во вид на дворак меч, а второто ново оружје е Phalanxbane Blade (Мечот на Фалангата) што е практично истиот дворак меч ThunderCry Blade за Тенк улогата. 

Where Winds Meet new snow stage update Eldridzh Gear Weapons Armor Trinkets скриншот од лична архива на Иван Стојановски
Фото: Where Winds Meet new snow stage update Eldridzh Gear Weapons Armor Trinkets скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Но овојпат двете оружја се за DPS односно за нанесување штета на противници со директна борба од блиску, иако типот на напад е во Stonesplit категорија која досега беше само за Тенкови. Иако сè уште најефикасна патека за сè во играта е Bellstrike Umbra со Strategic Sword и Heavenquaker Spear. Oва се кратки видео прикази за Heng Blade што овозможува да парирате со дефлектирање и да возвраќате удар во моментот -нешто што претхотно го немаше-пред ова само можеше да се дефлектира:

Новата мапа има и вертикалност и убави предели -но и нови механики со огледала кои ги активирате и ве телепортираат, поедноставено собирање на oddities, купчиња земја и камења кои пулсираат и ве лансираат високо, како и патување на платформи преку претварањето во спиритуална спектрална Риба што струи по вода и по енергетски струни и патишта низ кои навигирате на повисоко или пониско место и распоредени лебдечки населени острови-платоа.  

Where Winds Meet new snow stage Ambient скриншот од лична архива на Иван Стојановски
Фото: Where Winds Meet new snow stage Ambient скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Што се однесува до приказните од главните мисии спомнати на почетокот -за разлика од претходниот аптејт со старецот низ пустината каде играчите коментираа дека целата приказна би била подобра да биде само како синематик и ги разочара љубителите на играта поради малку постоечки наратив, во снежниот регион од Hexi има драстично подобри две приказни. 

При приказната за младиот патник намерник што свири на Пипа -вид лута или гитара од античка кина, мора да се напомене дека Аристотел во своето дело „За Поетиката“ спомнува дека во антика секоја поезија се пеела во придружба на музицирање со таканаречен жичан инструмент наречен „китара“ многу сличен како што има јунакот во првата приказна од играта која има доста добар наратив и неверојатен финиш кога завршува. Истото тоа за кое зборува Аристотел било применето и во Кинеската традиција каде поезијата има огромно значење за самата култура со многу разграноци и пермутации во составувањето песни и општо поезија проследени и изведувани сосе музицирање во позадина. Во самата игра се имплементирани и вистински историски информации по завршувањето на кампањите, кои може да се прочитаат.

Where Winds Meet Pipa historic description скриншот од лична архива на Иван Стојановски
Фото: Where Winds Meet Pipa historic description скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Секако не откриваме детали за да не се прават спојлери, но мора да се напомене дека и голем број од играчите не останаа рамнодушни на втората приказна со „Забранетата Љубов“ иако знае да делува контраверзно, но е одлично сработен феминистички емоционален наратив со повеќе аспекти, особено на тема на репресија на жените преку договорени бракови во античка Кина.

Where Winds Meet new snow stage update Story 2 скриншот од лична архива на Иван Стојановски
Фото: Where Winds Meet new snow stage update Story 2 скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Ако досега ја немате испробано оваа игра која што е веќе континуиран светски хит со месеци, ви препорачуваме да ја играте -не само затоа што е бесплатна игра на Steam, туку и дека нуди многу повеќе од типична MMO игра -затоа што носи еден куп иновации во жанрот и е доста забавна и често медитативна затоа што има одлична музика и релаксирачка природа во играта и акцијата со борбите е врвна и предизвикувачка, а левелирањето најбрзо од било која претходна MMORPG Игра. За детали околу играта имаме повеќе написи што може да ги прочитате на следниот линк уште откако беше првонајавена глобалната верзија. 

Ако имавте потешкотии да разберете дел од термините употребени во овој напис од жаргонот на играчите на видеоигри -може да го консултирате следниот Водич каде употребените фрази се детално објаснети во вид на нехронолошки тематски краток речник за гејмерски називи и нивните значења на македонски јазик.