Guild Wars Reforged е обновена, графички појачана верзија со додадени новитети на надградениот серијал Guild Wars, што ги содржи базичната игра и експанзиите Factions и Nightfall додека за Eye Of The North се доплаќа ако првпат се среќавате со играта достапна е за купување на Steam. На главниот сајт на играта поврзан со Guild Wars 2, игра за која имаме повеќе написи.

Тоа што е важно да се знае дека долгогодишните играчи на Guild Wars серијалот ја добиваат Guild Wars Reforged сосема бесплатно, заедно со сите содржини и додатоци што ги имале купено пред 20 години. Со најновото ажурирање и поприлично голем фајл, кој е истовремено и римејк и ремастер. Со ремастер графиката е драстично појачана на база на старите околини и ликови. Со римејк делот се додадени и многу нови карактеристики и се работи на нови работи што може да се додадат од активен тим на девелопери. 

 

Guild Wars серијалот нема месечна претплата, туку е направен да функционира со Buy To Play моделот исто како играта продолжение Guild Wars 2, се купува еднаш и се игра неограничено без претплати како во World of Warcraft.

И пред 20 години не само што беше солидна поевтина замена за играчи што не можеа да си дозволат World of Warcraft претплати, туку понуди дури и многу подобро и порелаксирано искуство. Затоа што наспроти World of Warcraft каде демне токсичната база на играчи кои се константо нервозни затоа што плаќаат и лоши едни кон други поголем дел од времето, во Guild Wars од старт имаше многу порелаксирани и пољубезни играчи, и многу подобра заедница на гејмери собрани заедно да уживаат во играта. Дополнително да си помагаат и да одат на авантури во овој виртуелен свет на епска висока фантазија. 

 

При нејзиното првично излегување во старт Guild Wars беше рекламирана како игра што нуди големо ниво на релаксација и прекрасни дигитални пејсажи низ играта кои предизвикуваат смиреност кај играчите, наместо познатото брзање карактеристично за MMO-ата каде играчите пробуваат за неколку месеци да постигнат сè можно во игра која е наменета да се игра со години. 

Своевремено пред 20 години на главниот сајт на играта имаше сведоштво од млад брачен пар што изгубиле дете и играта им понудила утеха и мир и до тој степен што играта официјално се препорачуваше и од психолози и има помогнато на многу играчи ширум светот за одржување на ментална хигиена по и во тек на драстично стресни настани или периоди од животот. 

Да, важно е да се знае дека сите MMORPG игрите кои ги играте се наменети да се играат со години и да се прават ликови градуално во процесот. Тенденцијата да се направи ликот „најсилен на свет“ или да се бркаат статистики може само беспотребно да ве исцрпи и да ве отргне од релаксираното доживување на играта. Да има голем грајнд фактор во играта, но Guild Wars 1 иако се заснова на co-op играње, поприлично тешко и ретко одеше групирањето со други играчи и играчите ги нервираше само тоа што секое од нивоата е поделено со инстанци, а не е тотално Open World без често лодирање на зони како што беше WoW.

Можноста да се игра со Henchmen а потоа и Херои од приказната – ја претвори Guild Wars во поприлично добро Single-Player искуство. Но најефективното групирање на играчи се случуваше кога требаа да се победат Последните главни -на базичната игра и на експанзиите Factions каде главен беше Широ Тагачи и Nightfall каде главен беше демонот Aбадон, но исто така има и Елитни Мисии со други главни.

Но врвот на играта се сметаше фармањето на Ecto-a (Globs of Ectoplasm) во Подземјето (Underworld) особено во периодот кога беше најефективно да се прави тоа со Warrior/Ritualist затоа што тоа беше екстра валута кога ќе се достигне max gold/platinum storage.

Во Guild Wars бирате основна професија (наречена класа во други игри) помеѓу архетипски ликови за вакви игри, Warrior, Wizard, Necromanser, Ranger, Monk, но има и Assassin, Ritualist, Paragon, Dervish како додадени класи. И покрај основната класа може како втора професија да одберете било која -на пример ако сакате да сте воин кој што има пет волк што се бори покрај него, ќе одберете Warrior а втора класа Ranger и со скилот на Рејнџерот ќе си припитомувате животни. Има и цела менажерија каде повторно може да си земете во битка било кој од сите петови што ги имате припитомено и додадено таму, а и самите петови се левелираат и еволуираат до левел 20 на избор има бели тигри, лавови, секакви птици, волци и што се не што може да припитомите низ вашите патувања. Исто така ако откриете зони има Fast Travel Waypoints што служат како инстант телепортери до местата со бикони.

И ликовите одат до макс левел 20 а потоа со секој нов левел отклучувате поен за отклучување нови скилови кај вендори за нормалните скилови а елитните може и да ги земате од главни и минибосови откако ќе ги победите. 

Guild Wars 1 Shing Jea Monastery скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Иако има супер PvP систем и гејмплеј, се доаѓаше до тоа дека посебно ако играте Healer со добар билд сте непобедливи во PvP класите Monk и Dervish беа најефективни во лечење, а со секој скил за лечење што се употребува го лечите и вашиот лик во сред борба истовремено. Секако имаше безброј други варијанти, на пример Ranger-от имаше билд каде може петот да ви биде прејак а вие слаби, исто така повикување “Мињони” супер функционираше кај Necromanser Minion Master (Necro MM) или кај  Ритуалист што поовикува цел сквод духови -Ritualist Spirit Summoner (Ritu SS) -кои служат како турети кои пукаат со различни дебафови покрај основниот демиџ. Warrior-от највеќе “трпеше ќутек” и најефективен беше за борба еден на еден, дека со билдот за Голем Чекан Правеше knock down и продолжуваше да удира противници додека се долу.

Но најинтерена класа во играта беше Mesmer професија (така се викаат класите во Guild Wars) која можеше да предизвикува разни debuff ефекти имаше скилови и магии кои го напаѓаат умот на противникот и елитен скил наречен „Мигрена’ што можеше да се кастне на друг играч и други магии и скилови што ги оневозможуваат противниците психолошки да неможе тие да прават магии или да се движат.

PvP системот за правење билдови беше подобар од оној на Guild Wars 2 којшто е симплифициран. Во Guild Wars 1 се отклучуваа скилови -што потсетува на употреба на нови карти за играње -како секој скил да е посебна уникатна карта за играње -која ја комбинирате со тие што ги имате. -Но без никаква поврзаност со коцкање. Просто за целите компетитивно играње на играта и задоволството да се прават свои билдови-комбинации на компатибилни скилови. Но повеќето играчи немаа потреба Воопшто да го менуваат билдот и со години може да се игра со ист билд истото важи и за вториот дел на играта Guild Wars 2 -каде исти билдови се ефективно функционални и по повеќе од 10 години во PvP до ден денешен. 

Во Guild Wars преку последната експанзија Guild Wars Eye of The North (GWEN) има ваша посебна просторија наречена Hall of Monuments (Хала на Споменици) во играта каде може да се снимат сите ваши достигнувања.

Guild Wars 1 Hall of Monuments Entrance скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Вака изгледа дисплеј на пример на сите собрани Елитни Оклопи: 

Guild Wars 1 Hall of Monuments Elite Armor Sets Display скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Oва е пример како изгледаат спомениците од сите победени Главни/босеви од кампањите и елитни мисии:

Guild Wars 1 Hall of Monuments All Main Bosses Killed скриншот од лична архива на Иван Стојановски 

 

Споменици од Следбеници во играта(Херои кои ги играте во играта, има и опција во кеш шопот со доплаќање за тоа- сопствените алтови -алтернативни карактери да ви служат како херои):

Guild Wars 1 Hall of Monuments All Heroes Companions скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Исто така има и музејски дисплеј на сите ваши стекнати специјални оружја по избор на прикажување. 

Сите важи регистрирани минипетови (откако ќе ги снимите во халата неможе да се префрлат во туѓа хала но може и врзани петови да се поклонуваат и користат од други играчи) 

Guild Wars 1 Hall of Monuments All obtained Minipets скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Hall of Monumens има се уште активен калкулатор за екслузивни скинови за играчи на Guild Wars 1 кои ако ги достигнете отклучувањата ви отвараат специјални скинови за Guild Wars 2 скинови за кои нема друг начин да се отклучат во самата Guild Wars 2.  На следниот линк -се пристапува до HOM calculator-от. Сè што треба е да се внесе името на вашиот главен лик за да ви се пресмета напредокот.

Oпшто за значењето на скинови во видеоигрите може да го консултирате следниот Водич за важнота на скиновите во видеоигрите и детално е објаснето со примери од какво значење за гејмерите е целиот концепт.

Ако имавте потешкотии да ги разберете гејмерските термини во овој напис -можете да го консултирате следниот Водич за гејмерски RPG термини -каде сите фрази, концепти и поими се објаснети што значат од збор до збор. 

Популацијата на Guild Wars е драстично вратена во игра деновиве, а популарноста со оваа реактуелизација на првиот дел од играта драстично расте со оценка за Very Positive фидбек на Steam, иако во моментов најбрзо растечка и најиграна игра од овој тип на игри е сè уште Where Winds Meet(за која може да прочитате повеќе написи на следниот линк), сепак на Guild Wars 1 сега во Guild Wars Reforged изданието полека почнува да и се цени иницијалната вредност, на голема радост кај долгогодишните играчи на оваа игра кои и ја знаеја вредноста и претходно. Но овојпат се отвара пат и за понатамошно развивање на Guild Wars 1 серијалот и за вистински вредна реактуелизација на играта.