Фото: Фејсбук-Филипче

Министерот за здравство информираше дека денеска пристигаа 30.000 кинески вакцини „Синовак“ како донација од пријателска Турција.

„Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред сè, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас. Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата,“ напиша Филипче на неговиот фејсбук-профил.