Тоа значи дека природниот прираст е негативен и е „минус 49“, или, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на починатите во државава. За споредба, во четвртото тримесечје од 2018 година негативниот природен прираст изнесувал минус 82, односно, се родиле 5,128 бебиња, а починале вкупно 5,210 лица.
Во четвртото тримесечје од 2019 година, од вкупно 5.103 деца, најмногу се родиле во Скопје, 1.621, односно во општините Центар (2017, во Чаир (225) и во Аеродром (200).
Најмалку бебиња, пак, се евидентирани во помалите општини во земјава, на пример, по 4 во Вевчани, Градско, Новаци, а во Зрновци и Росоман се родиле 3, односно 5 бебиња.
Бројот на склучените бракови во четвртото тримесечје од 2019 година е зголемен за 5,2 отсто, во споредба со истиот период од 2018 година и изнесува 3,381 брак. Во истото ова тримесечје се регистрирани 592 разведени бракови, што е повеќе во споредба со истиот период 2018 година, кога се развеле 437 брака.