Жена од Прилеп е измамена за 700.000 денари, мислела дека помага за лечење на болно дете, сооштуваат во Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 14 јуули во 14:30 часот  во ОВР Прилеп, жена од Прилеп пријави дека во февруари оваа година почнала комуникација со лице преку социјални мрежа, по што тоа и побарало пари, наводно за лечење на неговото болно дете. Пријавителката во неколку наврати му дала вкупно околу 700.000 денари, но подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопштуваат во МВР.