fbpx

При претерс на куќа во Шипковица, најдени насади со марихуана

-

Полициски екипи на Секторот за внатрешни работи Тетово, ноќеска извршиле претрес во домот и во помошни простории, сопственост на З.Р. (73) во Шипковица, каде пронашле насади, најверојанто со канабис сатива, кои, според сомневањата, ги одгледувал синот на сопственикот, 42-годишниот Х.Р., кој е во бегство.

Според полицијата, при претресот на балкон на третиот кат од куќата, што го користел Х.Р., биле пронајдени 150 пластични чаши од јогурт, наполнети со ситна земја, а во пет од нив имало изникнати непознати зелени растенија со височина од околу три сантиметри. На балконот била пронајдена и пластична кутија со семенски материјал.

Во помошниот објект, пак, полицијата пронашла 46 вреќи со земја во кои имало „51 зелено растение со височина меѓу 10 и 15 сантиметри за кое постои сомнеж дека е канабис сатива (марихуана)“.

Пронајдените предмети и растенијата се одземени од полицијата и предадени на понатамошно вештачење.

Осомничениот Х.Р., пак, вчеравечер бил пријавен дека во алкохолизирана состојба извршил семејно насилство врз своите родители и ја запалил нивната плевна со добиточна храна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...