Во студентскиот дом „Гоце Делчев“, во блокот Б, завршени се градежните активности, а следната недела се очекува набавката на мебелот, информираше заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски.
По целосната реконструкција на овој блок, се очекува и реновирање на блокот А.
Ристовски информираше дека во фаза на подготовка е и проект за другите два блока, како и за мензата во домот.
Целосното завршување на реконструкцијата на домот се очекува на крајот на 2016 или на почетокот на 2017 година.
Во наредните неколку дена, ќе биде распишан тендер за обезбедување нови лифтови за сите студентски домови. Владата разгледува десетина локации за нов студентски дом.