fbpx

Презентиран кодексот за судска етика: Судиите мора да носат законити и етички одлуки

-

Денеска, во рамките на одбележувањето на десетгодишнината од Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, беше презентиран „Кодекс за судска етика на судиите во Република Македонија“. Кодексот, кој е усвоен во 2014 година и е направен во соработка со ИПА-проектот „Понатамошна поддршка за независно, одговорно и ефикасно судство и унапредување на пробациската служба“, беше презентиран од Академијата за судии и јавни обвинители и Здружението на судиите на Република Македонија.

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и шеф на Делегацијата на Македонија во Комитетот ГРЕКО, Анета Арнаудовска, истакна дека препораките на ГРЕКО се да се воспостават јасни стандарди и кодекс на професионално однесување, како и правила и водичи за судиите во однос на прифаќањето подароци и други предности, а нивната примена соодветно да се следи, пренесува „Академик.мк“.

Етичкиот кодекс исто така предвидува, во согласност со препораките на ГРЕКО, да се формира советодавно тело кое ќе им помага на судиите во случаи кога имаат етички дилеми.

Судиите во врховните судови во Словенија и во Хрватска, Нина Бетето и Ѓуро Сеса, говорејќи за практикувањето на судската етика во нивните земји, истакнаа дека судиите мора да остават добар впечаток кај јавноста за да ги отстранат сите сомнежи во донесувањето на незаконити и неетички одлуки.

„Судиите не смеат да бегаат од стручните критики, но треба да бегаат од давањето подароци и од судирот на интереси. Добар судија не е само судија кој добро ги знае правните правила, туку оној кој ги познава и кој се однесува спрема етичките правила и тука веќе доаѓаат оние карактерни особини кои судијата треба да ги има. Додека судиите ја вршат својата должност, за нив не треба да постои друга визура“, истанале судиите Бетето и Сеса.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Настани во повеќе онлајн игри со различни награди

Оваа пролет има многу настани на различни игри попознати под името „Event“-и, на кои има различни награди и забрзано левелирање на повеќе игри - настани кои се во тек...