fbpx

Презентација на нов туристички производ „Блаканска пешачка авантура“

-

Во Охрид денеска ќе биде промовиран нов туристички производ, „Блаканска пешачка авантура“ (Balkan hiking adventure), чија цел е збогатување на понудата за активен одмор во регионот.

Креацијата jа помогнаа германското Друштво за меѓународна соработка – ГИЗ, преку Сојузното Министерство за меѓународна соработка и развој на Германија.

Целта е да се поттикне економскиот развој во пограничните области на полошкиот, југозападниот и на пелагонискиот регион.

Производот вклучува водич, шест мапи за патеките поделени по планински масиви, телефонска апликација за платформите „андроид“ и „иос“, како и веб-страница.

Неговите креатори истакнуваат дека овој производ се состои од 37 креирани и обележани планинарски патеки на Шар Планина, Бистра, Дешат, Крчин, Стогово, Јаблница, Галичица и на Баба, од кои осум патеки се транснационални.

Со погранично поврзување преку зелени премини, производот станува регионален и овозможува при една посета да се доживеат три земји: Македонија, Косово и Албанија.

Во производот се вклучени и сместувачки и угостителски објекти покрај патеките, како и места од интерес, поврзани со богатото културно и природно наследство на регионот.

За да се подобри квалитетот на понудените услуги, ГИЗ поддржа реновирање и опремување на осум селектирани објекти, како и обуки за понудувачите на туристички услуги.

Исто така, 15 млади луѓе од поширокиот регион се поддржаа со обука за професионални водичи во планина по меѓународниот стандард ИМЛ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...