fbpx

Претставници од АМС ја одобрија збирката пред печатењето, велат од „Арс ламина“

-

Издавачката куќа „Арс ламина“ тврди дека настанало недоразбирање при печатењето на контроверзната збирка „Млади поети“ при што како уредник е наведен директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Агенцијата не ги испратила потребните податоци за печатење на публикацијата, па во понатамошната комуникација настанало и недоразбирање, поради кое како уредник е наведен директорот Дарко Каевски, за што очигледно тој не бил известен, велат од „Арс ламина“.

Каевски претходно изјави дека неговото име било впишано како уредник на збирката без да биде консултиран и според него издавач треба да биде „Арс ламина“. Од издавачката куќа не се сложуваат.

-„Арс Ламина“ има склучено договор со Агенцијата, врз основа на претходно објавениот оглас за печатење на збирката. Во техничката спецификација на огласот, како и во самиот договор, во ниеден момент од „Арс ламина“ не се побарани издавачки услуги, туку исклучиво печатарски. Во таа смисла, според договорот, „Арс ламина“ технички ја уреди книгата и ја испечати, без никакво мешање во нејзината содржина. Претставниците од Агенцијата ги одобрија финалниот изглед и содржината на збирката пред нејзиното печатење. Дополнително, „Арс ламина“ не ни може да биде издавач, бидејќи ниту ги нарачала авторските текстови (песни и предговор), ниту е носител на авторските права за истите, ниту пак направила избор и редакција на содржините од збирката“, велат од издавачката куќа.

Синоќа Каевски се сретнал и со премиерот Зоран Заев. Му ги презентирал првичните наоди од внатрешната анализа за печатењето на збирката, а Заев го охрабрил целосно да го расветли случајот. Воедно му порачал дека треба да се побара одговорност од сите учесници и да се спроведат јасни протоколи за никогаш повеќе да не се повтори грешката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...