Претставничкиот дом на Австралија го усвои нацрт-законот со кој на децата помлади од 16 години им сѐ забранува пристап на социјалните мрежи, оставајќи му на Сенатот да го финализира законот, пренесува Асошиејтед Прес.
Големите партии го поддржаа нацрт-законот со кој платформите вклучувајќи ги ТикТок, Фејсбук, Снепчет, Редит, Икс и Инстаграм ќе бидат одговорни за казни до 50 милиони австралиски долари (33 милиони американски долари) за системски неуспеси доколку не ги спречат младите деца да прават профили.
Ако законот стапи во сила оваа недела, платформите ќе имаат една година да разработат како да ги спроведат ограничувањата пред да сѐ применат казните.
Опозицискиот пратеник Ден Техан изјави во парламентот дека владата сѐ согласила да ги прифати амандманите во сенатот кои ќе ја зајакнат заштитата на приватноста. На платформите нема да им биде дозволено да ги принудуваат корисниците да обезбедат документи за идентификација издадени од владата, вклучувајќи пасоши или возачки дозволи, ниту пак би можеле да бараат дигитална идентификација.
„Дали ќе биде совршено? Не. Но, дали некој закон е совршен? Не, не е. Но, ако помага, дури и ако помага на најмал начин, ќе направи огромна разлика во животите на луѓето“, посочи Техан во Парламентот.
Пратениците кои не беа усогласени ниту со владата, ниту со опозицијата беа најкритични кон законот за време на дебатата во вторник и среда.
Критиките вклучуваат дека легислативата била избрзана во Парламентот без соодветна контрола, нема да функционира, би создала ризици за приватноста за корисниците од сите возрасти и ќе го одземе авторитетот на родителите да одлучуваат што е најдобро за нивните деца.
Критичарите, исто така, тврдат дека забраната ќе ги изолира децата, ќе ги лиши од позитивните аспекти на социјалните медиуми, ќе ги одведе децата на темната мрежа, ќе ги направи децата премногу мали за социјалните медиуми да не сакаат да пријават штети со кои сѐ соочиле и ќе ги одземе стимулациите за платформите да ги направат онлајн просторите побезбедни.