Претставена Декларацијата за подобрување на правата на новинарите и медиумските работници

„Декларацијата се базира на тоа дека професионалните новинари и медиуми треба да можат да работат во слободна медиумска средина без притисоци и закани за да се гарантира функционирањето на демократските процеси во Македонија, како и од премисата дека само безбедни и добро платени новинари и медиумски работници можат да продуцираат новинарство кое го штити јавниот интерес“, велат од ССНМ

-

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Меѓународната федерација на новинари (МФН) денеска ја презентираа Декларацијата за подобрување на работничките и професионалните права на новинарите и медиумските работници.

Декларацијата која беше поддржана и од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Институтот РЕСИС беше создадена по тридневната „Мисија за скрининг и застапување за професионалните и работничките права на новинарите и медиумските работници“ во Македонија, дел од проектот „Работнички права за независно новинарство“ поддржан од Европската Унија.

„Декларацијата се базира на тоа дека професионалните новинари и медиуми треба да можат да работат во слободна медиумска средина без притисоци и закани за да се гарантира функционирањето на демократските процеси во Македонија, како и од премисата дека само безбедни и добро платени новинари и медиумски работници можат да продуцираат новинарство кое го штити јавниот интерес“, велат од ССНМ.

По тридневните средби со надлежните институции за медиумската легислатива, како и со редакции и медиумски организации, мисијата се запозна со состојбата на слободата на медиумите во Македонија и условите во кои работат новинарите.

„Никогаш не заборавајте дека новинарите работат во јавен интерес, никогаш не заборавајте дека новинарите работат во интерес на граѓаните на својата земја. Демократијата мора да брани слободен и независен печат. Демократијата мора да им овозможи на медиумите и новинарите да работат во добри услови. Демократијата мора да обезбеди етичка и економска независност на своите новинари и медиумски плурализам“, рече Ентони Беланжер, генералниот секретар на Меѓународната федерација на новинари.

Тој испрати и порака дека Законот за медиумите мора да ги зема предвид демократските стандарди, но и меѓународните документи и одлуки, како на МФН така и на главните агенции на Обединетите Нации.

Претседателот на ССНМ, Павле Беловски се осврна на борбата за работничките и професионалните права, како и важноста на поддршката од професионалните организации како МФН.

„Оваа посета или мисија за нас е важна од повеќе аспекти, пред сè, многу ни значи поддршката која ја добиваме од Меѓународната федерација на новинари која претставува стотици илјади новинари од целиот свет, но е важна и поради искуството и знаењето кое го имаат тие како и Деирдре Кевин кога се работи за борбата за работничките права и застапувањето за нивно остварување како преку директна борба, така и преку подобрување на законските решенија кои се однесуваат на медиумите“, рече Беловски.

Експертот за медиумска легислатива Деирдре Кевин ја истакна потребата од развивање на целосно нова легислатива за медиумите.

„Многу е важно да се продолжи со процесот на подобрување на медиумската легислатива, особено усогласување со Европскиот закон за слобода на медиуми. Ова се однесува и на заштитата на условите за работа на новинарите. Секако, потребна е и транспарентност на финансирањето на медиумите. Преку ЕУ проект во 2023 година веќе беа изработени низа анализи и препораки за нов Закон за медиуми со кои се подобруваат и заштитуваат работничките права на новинарите. Исто така се препорачува и формирање на фонд за медиумски плурализам и квалитетно новинарство“, рече Кевин.

Целиот текст на Декларацијата може да се прочита во продолжение.

 

ДЕКЛАРАЦИЈА

4 април 2025

Професионалните новинари и медиуми треба да можат да работат во слободна медиумска средина без притисоци и закани за да се гарантира функционирањето на демократските процеси во Македонија. Само безбедни и добро платени новинари и медиумски работници можат да продуцираат новинарство кое го штити јавниот интерес.

Новинарите и медиумските работници во Македонија работат во несигурни услови, со ниски плати, со често кршење на нивните професионални и работни права и под различни закани и напади од различни интересни групи.

Имајќи ги предвид различните релевантни извештаи и анализи, како и опсервациите на „Мисијата за скрининг и застапување за професионалните и работничките права на новинарите и медиумските работници“, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Меѓународната федерација на новинари, Здружението на новинари на Македонија и Институтот РЕСИС ги објавуваат следните барања:

  1. Отворање транспарентен и инклузивен процес за создавање на сеопфатна медиумска легислатива која е усогласена со европските стандарди и особено со Европскиот закон за слобода на медиумите и Глобалната повелба за етика на професионални новинари на Меѓународната федерација на новинари.
  2. Зајакнување на одредбите во Законот за медиуми кои се однесуваат на механизмите за заштита на работничките права на новинарите и медиумските работници.
  3. Воспоставувањемеханизми за зајакнување на социо-економската положба на новинарите и медиумските работници имајќи предвид дека новинарството е јавно добро.
  4. Усвојување на измените на актуелните измени на законот за медиуми, особено оние кои се однесуваат на локалните, медиумите на заедниците, специјализираните и непрофитните медиуми.
  5. Поддршка на напорите на медиумските организации за формирање на јавен национален фонд за медиумски плурализам кој ќе обезбеди недискриминаторска и објективна поддршка, пред сè на новинарите и новинарството, со фокус на најзагрозените како локалните медиуми.
  6. Препознавање на заканите за јавниот интерес од таканаречените СЛАПП тужби.
  7. Обезбедување поголема транспарентност и ефикасност на националните и локалните власти кон новинарите и медиумите.

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) пресуди дека Русија е одговорна за соборувањето на малезискиот авион над Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет...