fbpx

Претставен националниот план за производство на храна

-

Како дел од теренската кампања за презентација на мерките од Националниот план за производство на храна, државниот советник Трајан Димковски и директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски денес остварија средба со земјоделците од општина Чашка, информираат во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На средбата со жителите било истакнато дека целиот капацитет на министерството е ставен на располагање на секој еден земјоделец, во секое време.

„Во селото Теово тие ја посетија сточната фарма на Љубе Јовановски, долгогодишен одгледувач на овци, кој заедно со своето семејство работи и живее од земјоделството. Љубе заедно со своето семејство одгледуваат повеќе од 1200 грла овци и обработуваат житни култури. Со Интервентниот фонд донесовме мерки за поддршка за одлгедувачите на овци, па така ја зголемивме подмерката за обележани грла овци од сите категории од 1.000 денари на 1.200 денари за грло овца. Преку нова интервентна субвенција од 400 денари по грло за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет даваме дополнителна поддршка на сточарите“, стои во соопштението од министерството.

На средбата во селото Голозинци пред земјоделците биле презентирани мерките од Националниот план за производство на храна, кој има за цел стабилно и зголемено домашно производство на стратешки клултури и намалување на увозната зависност. Земјоделците добиваат 40 отсто дополнителна помош за набавка на вештачко ѓубриво за пченка и пченица, како и 2.500 денари по хектар за сочоглед и јачмен.

„Ги мотивираме земјоделците да го зголемат приносот, со дополнителни скоро 100 евра од хектар. Распишани се и веќе течат пет јавни повици преку програмата за рурален развој, за набавка на трактор, набавка на мандри, силоси, опрема за тутун и рурална жена. Повиците се отворени, а крајниот рок за поднесување е до 20 мај“, стои во соопштението.

Еден од повиците кои беше презентиран пред земјоделците беше повикот за изградба на мандри кои им помага на одгледувачите на добиток за инвестиции во градба, реконструкција и адаптација на објекти за преработка на млеко во бачилата. Максималниот износ на оваа поддршката е до 600.000 денари по корисник.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Download Premium WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
Free Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
online free course
download xiomi firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
online free course