fbpx

Претседателот Стево Пендаровски ја предводи државната делегација на Самитот на НАТО во Мадрид

-

Претседателот Стево Пендаровски на 28, 29 и 30 јуни 2022 година ќе учествува и ќе ја предводи делегацијата на Република Северна Македонија на Самитот на НАТО Алијансата, што се одржува во Мадрид, Кралството Шпанија, соопшти кабинетот на претседателот. Во состав на државната делегација се министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

На 28 јуни, претседателот Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска ќе присуствува на свечена вечера, која во чест на лидерите на земјите-членки на НАТО, учесници на Самитот, ја приредува Кралот на Шпанија Н.В. Фелипе Шести и неговата сопруга Кралицата Летиција.

На 29 и 30 јуни претседателот Стево Пендаровски ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на шефови на држави и Влади.

Претседателот Пендаровски на 29 јуни, во придружба на сопругата, ќе присуствува на неформалната трансатлантска вечера на ниво на шефови на држави и Влади, која ја приредува претседателот на Владата на Шпанија, Педро Санчез.

Во рамки на учеството на НАТО Самитот, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари повеќе билатерални средби.

На НАТО Самитот во Мадрид ќе бидат адресирани ургентните безбедносни предизвици на денешницата и иднината. Лидерските состаноци на Северноатлантскиот совет е предвидено да бидат фокусирани на усвојување на новиот Стратегиски концепт, унапредување на одбранбените капацитети, споделување на товарот и снабдување со ресурси, поддршка за Украина и останати партнерства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...