Претседателот Радев му го врачи мандатот на Петков за формирање на бугарска влада

-

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот за формирање на нова бугарска влада на Кирил Петков, потпретседателот на победничката партија „Промената продолжува“, јавуваат бугарските медиуми.

Веднаш по врачувањето на мандатот, Петков изјави дека гласањето на новиот владин состав во бугарскиот парламент ќе се одржи уште во понеделник, нагласувајќи дека тој нема да изгуби ниту минута бидејќи има многу проблеми во земјата.

Петков, како и претседателот Радев, за време на врачувањето на мандатот не говореа за решавањето на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Идниот бугарски премиер рече дека приоритет ќе му биде решавањето на цената на природниот гас и справувањето со ковид-19 пандемијата во Бугарија.

Во новата бугарска влада ќе има министри од четири политички партии – „Промената продолжува“, Бугарската социјалистичка партија (БСП), „Има таков народ“ и Демократска Бугарија.

Покрај Кирил Петков за премиер, во новата влада министер за финансии е планирано да биде Асен Василев од победничката партија, вицепремиерка за ефикасно управување ќе биде Калина Константинова, вицепремиерка и министерка за економија и индустрија ќе биде претседателката на БСП Корнелија Нинова, Гроздан Караџов е планиран за вицепремиер и министер за регионален развој.

Во идната бугарска влада како министер за животна средина и водите е предложено да биде Борислав Сандов, академикот Николај Денков е планиран за министер за образование, додека Асена Сербезова ќе ја презеде функцијата министерка за здравство. Бојко Рашков ќе продолжи да раководи со Министерството за внатрешни работи, додека Георги Гоков ќе биде министер за труд и социјална политика.

Можеби најзначајната улога за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија ќе ја има новата министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, која што доаѓа од партијата „Има таков народ“. Таа завршила Воена академија, кариерата ја започнала во Генералштабот на бугарската армија, а работела и на позицијата раководителка на Одделот за НАТО и ЕУ во Министерството за одбрана.

Меѓу кандидатите за министри во новата бугарска влада се наоѓаат и Александар Николов за енергетика, Надежда Јорданова за правда, Стефан Јанев за одбрана, Николај Сибев за транспорт, Даниел Лорер за раст и иновации, Божидар Божанов за електронско управување, Христо Проданов за туризам, Радостин Василев за спорт и Атанас Атанасов за култура.

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се занимава со...

Предупредување за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи

Секторот за внатрешни работи-Тетово ги известува граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие...

Кривична за полицаец, злоупотребил потпис на раководител на полициска станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  при Министерството за внатрешни работи,  до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела...

Сè уште нема абер од ветените народни канцеларии на претседателката Сиљановска

Сиљановска-Давкова меѓу примарните цели за кои ќе се залага како претседател, ветуваше дека првото што ќе го направи ќе биде враќањето кај граѓаните преку повторно отворање на народните канцеларии. Граѓаните во...

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се...