Претседателот на ИОК Томас Бах во тридневна посета на Скопје

-

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах е во тридневна посета на Скопје. Тој до 11 јуни ќе учествува на Генералното Собрание на Европските олимписки комитети кое се одржува во главниот град на Северна Македонија.

Првиот човек на олимпиското движење денеска се сретна со претседателот на државата Стево Пендаровски. Како што соопштија од кабинетот на претседателот, тие разговарале за заложбите и преземените активности на ИОК за промоција на меѓународниот спорт и мирот во светот, во услови на новите околности и променетата геополитичка состојба предизвикана од руската инвазија врз Украина, како и последиците од пандемијата на Ковид-19.

Фото: кабинет на претседатлот Стево Пендаровски

За време на средбата Бах на претседателот Пендаровски му го врачи престижното признание – медалот „Пјер де Кубертен“.

Пендаровски на средбата бил запознаен со поддршката од Меѓународниот олимписки комитет за Олимписката заедница во Украина која се заснова на солидарноста како една од основните вредности за која се залага Олимпиското движење, соопшти Кабинетот на претседателот.

„Соговорниците разговараа и за работата и ангажманот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија во насока на унапредување на Олимпизмот и спортот во нашата држава“, се вели во соопштението.

Пендаровски бил информиран за отворањето на првата Лабораторија за спортска медицина за постигнување на високи спортски резултати, која е донација од Меѓународниот олимписки комитет.

Томас Бах денес беше и во посета на Општина Бутел каде го дочекаа над 600 учесници преку демонстрација на десетина олимписки спортови. Олимпискиот ден во Општина Бутел беше организиран со фудбал, кошарка, одбојка, таеквондо, борење, карате и ракомет.

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски за време на манифестацијата се заблагодари на Македонскиот олимписки комитет со чија помош се реализираше овој олимписки ден.

Ова е прва посета на Бах во земјва. Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет престојува во нашата држава поради учеството на Генералното Собрание на Европските олимписки комитети кое се одржува во Скопје, а на кое присуствуваат претседатели и генерални секретари од Европските олимписки комитети. Оваа година, нашата држава одбележува 30 години од основањето на Македонскиот олимписки комитет.

ИЈЗ: За само еден месец, за 92,8 отсто зголемен бројот на акутните заразни заболувања

Во текот на месец декември 2024 година, до Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) пристигнале вкупно 1.623 пријави за заболени лица од акутни заразни заболувања (без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и...

Индекс на младинско учество: Социјалните бариери ги оддалечуваат младите од вклученост во заедницата

Многу мал процент млади, како на национално, така и на локално ниво, се вклучени во политичкиот живот. Четвртина од младите не се вработени, не се образoваат ниту се обучуваат, а се...

Играта со загатки „Escape Academy“ е бесплатна на Epic Games до четврток

Играта со загатки Escape Academy е бесплатна на Epic Games до четврток. Се работи за релативно кратка игра со интересни загатки со кои решавате како да се излезе од одредени простории...

Реакција на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата на ставовите на пратеникот Бојан Стојаноски

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата остро реагира на обидите на пратеникот Бојан Стојаноски, да ги поврзува реакциите на Платформата со влијанија на политички партии, реагираат денеска оттаму. „Во услови...

ИЈЗ: За само еден месец, за 92,8 отсто зголемен бројот на акутните заразни заболувања

Во текот на месец декември 2024 година, до Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) пристигнале вкупно 1.623 пријави за заболени лица од акутни заразни заболувања (без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА,...