Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол, прогласи вонредна воена состојба со неочекувано обраќање во доцните часови во Кореја, кое беше пренесувано во живо на телевизијата „ЈТН“, тврдејќи дека ќе ги искорени „срамните про-севернокорејски анти-државни сили“, пренесува Ројтерс.
Ова е прв пат од 1980 година кога во Јужна Кореја била прогласена воена состојба.
Корејската новинска агенција „Јонхап“ изјави дека воените власти кои изјавиле дека активностите на парламентот и политичките партии ќе бидат забранети, а медиумите ќе бидат под контрола на командата за воена состојба.
Јун не наведе одговор кога добиле и какви закани добиле, од Северна Кореја коишто се преполни со нуклеарно оружје, туку се фокусираше на своите домашни политички опоненти.
Овој изненаден потег предизвика страв низ земјата, која имала серија на авторитарни лидери на почетокот од својата историја, но од 1980-тите се смета за демократија.
Корејскиот Вон значително падна во однос на американскиот долар. Официјален претставник на централната банка изјави дека се подготвуваат мерки за стабилизација на пазарот, ако тоа биде потребно.
Од Белата куќа нема никаков одговор за прогласувањето на воената состојба, но околу 28.500 американски војници се распоредени во Јужна Кореја за да ги заштитат од север.
Јун изјави дека немал избор освен да се послужи со ваква мерка за да ја заштити слободната и уставната поредок, тврдејќи дека опозициските партии ја оштетиле парламентарната процедура за да ја воведат земјата во криза.
„Прогласувам воена состојба за да ја заштитам Република Кореја од заканата на севернокорејските комунистички сили, да ги искоренам срамните про-севернокорејски анти-државни сили кои ја крадат слободата и среќата на нашиот народ и да го заштитам слободниот уставен поредок“, изјави Јун.
Јун не нагласи веднаш кои претставуваат про-севернокорејските анти-државни сили. Но, тој во минатото ги наведуваше таквите сили како оние што го попречуваат неговиот план и ја поткопуваат земјата.
„Тенкови, оклопни транспортери и војници со оружје и ножеви ќе бидат насекаде во земјата. Економијата на Република Кореја ќе колабира непоправливо. Мои сограѓани, ве молам, дојдете во Националното собрание.“ изјави Ли Џе-мијонг, лидер на опозициската Демократска партија, која има мнозинство во парламентот, во директен пренос на интернет.
This was the moment Martial Law was introduced in South Korea today
— Visegrád 24 (@visegrad24) December 3, 2024