fbpx

Претседателот Ѓорге Иванов се сретна со Ивица Дачиќ

-

Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со Ивица Дачиќ, потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Србија.

На средбата се разговарало за продлоабочување на билатералните односи и на соработката меѓу двете држави.

Иванов го информирал Дачиќ за актуелната политичка состојба во Македонија. Претседателот истакнал дека е потребен посветен, одоговрен лидерски пристап кон дијалогот од сите политички партии за да се врати политичката стабилност.

Двајцата соговорници се согласиле дека меѓународната заедница, особено ЕУ, треба да има засилен ангажман за зголемување на стабилноста и на безбедноста во регионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...