Претседателот Вучиќ донесе одлука за помилување на 13 учесници на протестите во Србија

Според толкувањето на српскиот претседател Вучиќ, помилувањето треба да биде исполнување на третото барање на студентите, коe гласи: „Отфрлање на кривичните пријави против уапсените и приведените студенти на протестите, како и откажување од веќе започнатите кривични постапки“

-

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ донесе 13 одлуки за помилување, соопшти Кабинетот на српското претседателство.

Како што стои во официјалното соопштение, одлуките за помилување на претседателот на Србија се доставени до српското Министерство за правда заради спроведување на понатамошната процедура.

„Предлозите за помилување со кои се дава ослободување од кривично гонење се доставени до Претседателството во понеделник, 27 јануари. На денешниот состанок, Комисијата за помилување ги разгледа предлозите на министерот за правда и едногласно ги усвои предлозите за помилување за што е известен претседателот на Републиката“, се вели понатаму во соопштението.

Потоа е наведено дека меѓу помилуваните се:

6 студенати:
– Д. Б. од Нови Сад
– М. М. од Нови Сад
– М. К. од Нови Сад
– И. Б. од Пожега
– Р. С. од Сремска Каменица
– М. С. од Жабље

1 декан:
– Н. Ј. од Ниш

1 доцента:
– Р. Ј. од Нови Сад

4 директори на училишта:
– Б. М. од Шабац
– М. Е. од Богатиќ
– М. И. од Шабац
– С. М. Ј. од Шабац

1 помошен работник во училиште:
– В. М. од Прокупље

Претходно, говорејќи за барањата на студентите, вклучително и отфрлање на обвиненијата против уапсените и приведените за време на протестите, српскиот претседател Вучиќ рече дека е подготвен да потпише помилувања.

„Тринаесет студенти и професори се гонети и за сите нив е предвидено да се донесе одлука за помилување. Никогаш не сум донел одлука за помилување, тоа е секогаш ризично, не можете да ја земете правдата во свои раце, со ова се отвора Пандорината кутија. Го чекавме моментот обвинителството да отфрли дел од кривичните пријави, постојат основани сомневања дека сториле кривични дела. Јас, ако не постои друго решение, во согласност со законот, без разлика што, поради принципи, разбирам колку е важно, ќе бидам подготвен за оние кои што сакаат да потпишам помилување од кривично гонење, тоа ќе го направам најдоцна во среда. Останува уште барањето за прекршочните дела, тоа е за МВР“, рече Вучиќ.

Претседателот на државата не може да помилува некој кој сè уште не е ниту приведен, ниту обвинет, а камоли осуден, изјави судијката од Првиот основен суд Татјана Безмаревиќ Јањиќ во емисијата „Зад вестите“ (Iza Vesti) на ТВ Н1.

„Јас лично сметам дека претседателот на државата не треба да зборува за тоа. Дека претседателот на државата не може да помилува некого кој што сè уште не е ниту приведен, ниту обвинет, а камоли осуден. Исто така, сметам дека тој не е тој што треба да што ќе се преземе бидејќи ваквите говори, не само од претседателот на државата, туку и од други некомпетентни лица, создаваат кај народот недоверба кон судот. Ако го направиме тоа, тоа значи дека сме го послушале претседателот. Ако не, тогаш ние сме непослушни“, наведе таа.

Според толкувањето на српскиот претседател Вучиќ, помилувањето треба да биде исполнување на третото барање на студентите, коe гласи: „Отфрлање на кривичните пријави против уапсените и приведените студенти на протестите, како и откажување од веќе започнатите кривични постапки“.

Откако ова барање беше истакнато, сите уапсени се пуштени на слобода, пишува ТВ Н1, а последниот меѓу нив е момче кое во притвор било полн месец бидејќи тој нема дом и семејство, а пораснал во Детското село во Сремска Каменица.

Потоа студентите го конкретизираа своето барање истакнувајќи дека не сметаат оти пуштањето на слобода на сите уапсени е исполнување на барањето.

„Причината за тоа е што пуштањето на слобода од притвор не гарантира дека тие лица нема да бидат кривично гонети, ниту дека против нив нема да биде донесена осудителна пресуда. Во склад со изнесеното, бараме да се отфрлат кривичните пријави против сите студенти и професори кои учествуваа на граѓанските протести, а доколку кривичната постапка е во тек, од истата да се откажете“, пишува во конкретното барање објавено на 28 декември минатата година на Инстаграм страната „Студенти во блокада“ (Studenti u blokadi).

Ова барање е адресирано до обвинителството во Нови Сад, од кое цел месец немаше одговор. Затоа Вучиќ, иако неволно, понуди помилување од кривична одговорност, пишува ТВ Н1.

ИзворТВ Н1

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска проф. д-р...

Од Иницијатива „Нула“ донираа ПП апарат на тетовскиот суд и Обвинителство и најавија протест в понеделник

Со поставување противпожарен апарат пред Обвинителството и Судот во Тетово, денеска од Иницијативата „Нула“ најавија протест кој ќе се одржи во понеделник во Тетово, на кој ќе побараат одговорност за трагедијата...

За трагедијата во Кочани осомничени вкупно 34 лица: Сите знаеле дека „Пулс“ не ги исполнува условите за работа

Осомничени се вкупно 34 лица, вклучувајќи го сопственикот и управителот на дискотеката „Пулс“, обезбедувањето, поранешен министер, државен секретар, раководители на сектор и одделение, помлад соработник, поранешни градоначалници, директори на пазарен инспекторат,...

Уште една жртва од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

Српските студентски движења „Студенти у блокади“ преку социјалните мрежи на јавноста ѝ соопштија дека по четири месеци тешка борба, денеска починал еден од повредените од трагедијата на железничката станица во Нови...

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска...