fbpx

Претседател на пензионерско здружение незаконски потрошил повеќе од 50.000 евра

-

Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава против М.В. (73), претседател на Здружението на пензионери за општините Штип и Карбинци, осомничен за незаконски набавки од повеќе фирми, на кои им исплатил вкупна сума од околу 3,1 милиони денари, односно повеќе од 50.000 евра, информираат од МВР.

Според пријавата, осомничениот М.В. се товари за продолжена злоупотреба на службената положба и овластување.

Како што информираат до полицијата, осомничениот, од почетокот на 2011 до крајот на 2014 година, како претседател на Здружението на пензионери и овластен за правниот промет, без донесени писмени одлуки на извршниот одбор на Здружението, „вршел разни незаконски набавки од повеќе правни лица, при што на иститите незаконито им исплатил вкупна сума во износ од 3.101.051 денари“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...