Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, информираат во Обвинитечството.

„Акцијата се случува поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност. Повеќе информации ќе има по завршување на акцијата“, информираат оттаму.