Полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип, вчера ги лишиле од слобода Е.Д. (21), Н.Р. (38) и 26 годишната В.М., сите од Штип.

Како што информира МВР, службениците извршиле претрес во дом Е. Д., каде биле затекнати Н.Р. и В.М., при што пронашле и одзеле три автоматски пушки калибар 7,62мм, пет метални рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми калибар 7,62мм и две метални рамки за автоматска пушка со по 20 куршуми калибар 7.62мм.

„Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно доументирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информираат во МВР.