Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, го лишиле од слобода 33-годишниот М.Т. од Скопје.

Претресот во неговиот дом бил извршен по претходно добиена судска наредба. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, се вели во билтенот на МВР.