fbpx

Претпладне магливо и облачно, попладне дожд и снег

-

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од снег на планините и дожд на пониските места. Кон крајот на денот и преку ноќта врнежите ќе преминат во снег и во некои пониски места. Се очекува наместа, особено во западните делови да се формира нова снежна покривка, локално повисока од 10 сантиметри, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 Целзиусови степени, а во котлините со магла 3 до 8 степени.

Во Скопје, претладне магливо, попладне видливоста ќе се зголеми и ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Во текот на ноќта ќе има услови за врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен југоисточен, а кон крајот на денот засилен северен ветер. Температурата ќе биде 8 Целзиусови степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Само осум воза предвидени со возниот ред за 2024, железницата во колапс [инфографик]

Патнички возови догодина ќе нема од Скопје кон Кичево, Кочани и Табановци, а ќе нема ниту меѓународен железнички сообраќај од македонскиот главен град. Објавен е возниот ред на Железници...