Времето денеска ќе биде претежно облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринските температури се движеа меѓу 9 и 16 Целзиусови степени, а дневните ќе бидат во распон од 16 до 25 степени.
Во Скопје слично време, со утринска температура до 13 степени и дневна до 21 Целзиусови степени.
Променливо облачно време со локален дожд ќе се задржи и в среда и в четврток. Веќе од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба.