fbpx

Преспа форум: 65 години по Договорот од Рим – Дали Европа е целосно економски обновена и интегрирана?

-

Во рамки на Преспа форумот за дијалог, денска се одржа сесијата насловена како “65 години по Договорот од Рим: Дали Европа е целосно економски обновена и интегрирана?“ на која панелистите говореа за потребата од сеопфатни економски, инфраструктурни и финансиски мерки со цел постигнување на целите на Римскиот договор. Во воведното обраќање премиерот Димитар Ковачевски, ги истакна трите главни аспекти поврзани со темата и тоа Усогласување на националното законодавство со законодавството на Унијата, регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ и економскиот бенефит, како и интеграција на регионот во ЕУ и Единствениот пазар на Унијата.

Во однос на иницијативата Отворен Балкан Ковачевски го подвлече значењето на подобрување на конкурентноста, нови инвестиции, инфраструктурно поврзување, поголем пазар, мобилност и развој на бизнисите во регионот.

“Тоа значи подобар стандард и квалитет на живот на сите наши граѓани од целиот Балкан со што ние не сме пазар со 2, туку сме пазар со 12 милиони жители, а тоа значи потенцијал на регионот за повеќе инвестиции и економски бенефит. Регионалното здружување не води кон интеграција на регионот во ЕУ и Единствениот пазар на Унијата“, рече Ковачевски.

Меѓу другото, тој потсети дека ЕУ е најважниот економски партнер и 80% од нашата надворешна трговска размена е со земјите членки на Унијата, а исто така и 80% од странските инвестиции исто така се од земји членки на ЕУ“.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, во своето излагање ги поздрави постигнувањата на единствениот пазар, нагласувајќи ги придобивките за граѓаните кои произлегуваат од зголемената конкуренција и стандардизација како и можностите за поголема мобилност и пристап до работни места.

Во видео обраќањето, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј, се осврна на предизвиците со кои се соочуваат државите после пандемијата со Ковид-19 и руската инвазија врз Украина.

„Западниот Балкан останува наш приоритет, а Економскиот инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан останува главен механизам за забрзување на ЕУ интеграцијата на овој Регион“, истакна Вархеј. Еврокомесарот додаде дека соработката со Западен Балкан е од геополитичко и геостратешко значење за ЕУ и нагласувајќи го значењето на Преспанскиот договор ја повика Бугарија да не ја кочи ЕУ интеграцијата на Република Северна Македонија.

Свои обраќања имаа и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, министерот за економски развој и туризам на Црна Гора, Горан Ѓуровиќ, министерката за економија на Косово, Артане Ризваноли, генералниот секретар на советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, директорот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ, заменик директорот на Џорџ Маршал Центарот за безбедносни студии, амбасадорот Ерик Нелсон и Матео Бономи од италијанскиот Институт за меѓународни односи.

Панелистите и Регионалната директорка на Економист, Џоан Хој, како модераторка на панелот, заклучија дека регионалната соработка е особено значајна алка за процесот на интеграција на регионот во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...