Глобалната мрежа за истражувачко новинарство -ГМИН (Global Investigative Journalism Network) објави низа препораки за новинарите кои известуваат за состојбите со новиот корона вирус COVID-19.

Вклучувајќи совети од различни новинарски организации, искусни новинари и експерти, ГМИН препорачува во мала мерка да користат „субјективните“ придавки, како „смртоносна“ болест, фотографиите и другите илустрации да се користат многу внимателно за да се спречи можноста да се испрати погрешна порака до читателите. Се посочува дека треба да се објаснуваат превентивните мерки за да се „стави премногу страв“ во известувањето, како и дека сториите со бројки се помалку страшни од оние со пример. Посебно внимание се обрнува на тоа да не се користат кликбејт-наслови, односно наслови со зборови и фрази што привлекуваат повеќе внимание отколку што тоа текстот го заслужува.

Текстот со препораките посочува и како извор да се користат етаблирани извори како Светската здравствена организација, Центарот за контрола и спречување на болестите на САД, како и на веб-сајтот за јавно здравје на Англија и други релевантни институции. Во земјава, тоа се Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје.

Посебно се препорачува да не се земаат изјави од секаков лекар, туку од оние што се навистина експерти.