Во тек се новогодишните попусти за видео игри на Steam на настанот наречен Winter Sale. Во продолжение издвоивме игри кои се со намалени цени до 90% од нивните нормални цени како и други предлози што се со големи намалувања. Првенствено би се фокусирале на квалитетните видеоигри што се драстично евтини и доаѓаат во пакети како цели квалитетни серијали на настанот Steam Winter Sale што трае до петти јануари 2026.
На прво место би ја ставиле играта The Witcher 3: Wild Hunt, каде основната игра е намалена на неверојатна цена од 2,99 евра. Додека за двете експанзии Blood and Wine и Hearts of Stone сосе основната игра Complete Edition од играта се продаваат како пакет / bundle за само 9,99 евра наместо за редовната цена од 49,99 евра. За Witcher 3 имаме повеќе написи што може да ги прочитате овде.
На второ место е Tomb Raider колекцијата што е најевтината варијанта од сите понудени квалитетни игри во оптег, односно две понови Tomb Raider игри чинат само 6 евра вкупно – тоа се насловите: Shadow of the Tomb Raider чини 4 евра наместо редовната цена од 40 евра и Tomb Raider (Game of the year 2013) се продава за 2 евра наместо за 20. Додека три од постарите делови од серијалот се продаваат за помалку од едно евро секоја со просечна цена од 0,98 евра за насловите Tomb Raider Underworld, Tomb Raider Anniversary и Tomb Raider Legends. А за што следи во серијалот со Лара Крофт во иднина може да прочитате на следниов линк од неодамнешен напис.
И Uncharted серијалот што е малтене верзија на Tomb Raider со машки главен лик, иако се работи за сосема посебни игри што нудат и специфична акција за самиот серијал е на попуст од 67% и наместо 49,99 евра чини 16,49 евра за три игри во пакетот наречен Uncharted: Legacy of Thieves.
Од Assassin’s Creed серијалот, два доста добри наслови се на 90% попуст: Валхала (Со Викинзите) каде основната игра чини 5,99 евра, а целосната е 13,99 евра за Complete Edition што содржи се извадено за играта и во нормална продажба овој пакет чини 139,99 евра. -Што ја прави оваа зделка моментално за најдобра во целиот серијал. И Assassin’s Creed Origins (каде дејството е во Египет) според оценките на играчите е подобра од Валхала е исто на 90% попуст, основната игра е 5.99 евра, а комплетната верзија наречена Gold е намалена од 89.99 евра на само 8,99 евра и ја содржи и основната стандарна едиција во пакетот.
Од тепачките игри најдобрата зделка моментално е за играта Injustice 2 (Со суперхероите од DC Comics каде може да играте и со Супермен) што е на 90% попуст и стандарната игра чини 4,99 евра наместо 49,99 евра. Додека целосната верзија во пакет што содржи повеќе содржини доаѓа во пакет со играта Mortal Kombat 11 Ultimate edition и чини 9,99 евра наместо редовната цена од 99,9 евра. Оваа игра беше популаризирана и реактуелизирана и со филмот Justice League со кој што најдобро кореспондира, но нуди сосема странична приказна различна од филмските верзии на сите суперхерои од DC.
Додека од поновите тепачки игри Tekken 8 од серијалот за кој имаме повеќе написи тука, има цена од 23,99 евра наместо редовната цена од 59,99 евра.
Од игрите со тркање со коли модерната игра од Need For Speed серијалот наречена NFS Heat е на 95% попуст и наместо редовната цена од 69,99 евра се продава за само 3,49 евра. За овој серијал игри -иако е најпознат од тркачките игри имаме напис овде што го обработува развојот на франшизата и додадените опции во поновите верзии.
За играчите што сакаат игри со „стелт“ и прикрадување, целиот Hitman серијал е исто на 90% намаление каде повеќето делови посебно чинат помалку од едно евро. Додека за најнови вести во овој серијал имаме интересен напис овде.
Секако има и други попусти што може да ги проверите директно ако ги имате маркирано на Wishlist на Steam затоа што голем број игри се на огромни попусти со драстични намалувања на цени- какви што досега немало воопшто на Steam што изминативе предновогодишни денови резултира со масовни заработки за Valve фирмата која ја држи платформата Steam.
