Препорака за нова бесплатна игра за мобилни телефони – „Game of Thrones: Kingsroad“

Најновиот наслов кој штотуку излезе е Game of Thrones: Kingsroad достапна за Android и iOS

Фото: Game of Thrones KingsRoad -скриншот од YouTube

Гејмерите често знаат да си го постават прашањето „Што да играм сега“ доколку им здосадат тековните игри што ги играат со години. Вообичаено тука е последователно и прашањето „Која игра е сега најдобра за мобилни?“. Во овој напис ви ja преставуваме моментално најдобрaта бесплатна средновековна фантазиска игри за мобилни телефони. 

Најновиот наслов кој штотуку излезе е „Game of Thrones: Kingsroad“ достапна за Android, iOS и PC.

Серијата „Игра на тронови“ (анг. „Game of Thrones“) беше доста популарна низ целиот свет и Македонија додека се емитуваше. Тоa беше серија која го промовираше серијалот книги на Џ.Р.Р. Мартин и истовремено ја промовираше епската фантастика, овојпат во „хардкор сурова верзија на експлицитност од сите видови“ што ја заинтригира и мејнстрим публиката да ја следи. Во серијата, терминот „Кингсроуд“ се однесува на главниот „кралски пат“ што ги поврзува различните кралства.  

Така што темите и ликовите во играта ќе им бидат добро познати на сите луѓе, а и самата игра „Game of Thrones: Kingsroad“ засега има добар одзив и позитивни реакции и фидбекот е одличен.

Играта има своја приказна и среќавате маркантни ликови од сериите што се препознатливи како што е Џон Сноу на самиот почеток од играта како и движењето низ локации што се препознаваат како градот Кингс Лендинг и Ѕидот, што се детално направени да потсетуваат на актерите и локациите од серијата. 

Во играва бирате помеѓу три класи Витез, Платеник (платен војник) и Асасин (убиец)

 

Секако Витезот во овој свет не е баш класичен, но е кул верзија на малку „подив витез“ со дискутабилен морален компас и не е баш во „тотално светликав оклоп“ туку напротив повеќе тежи накај архетипот „Црн Витез“ сепак класата Витез изгледа најдобро во смисла на класичен главен лик најадекватен за приказната. Додека Платеникот и Асасинот се повеќе како странични ликови за поддршка иако би ги терале како главни ликови. Ова е трејлерот за Платеникот: 

Платеникот е класичен крупен воин што користи двораки оружја и има силни удари и е најлошо анимиран од трите класи дека е направен премногу широк и висок, но сепак изгледа добро – ако сакате да играте варварин што удира полека, но знае да зададе тешки удари ова е добра опција. 

И за крај според стримерите и јутуберите класата Асасин за која се смета дека е најдобар лик за брзо елиминирање непријатели и најмоќна класа моментално за полесно напредување во играта секако ќе ги потсети сите гејмери и гејмерки што ја гледале серијата на ликот Арија Старк и Гилдата на Асасините: 

 

Играта изгледа супер, особено поради тоа што е првично наменета за мобилен телефон, но може и да се симне и на „Steam“ за на компјутер ако немате телефон што одговара на перформансите што играта ги бара. Играта е сосема бесплатна, но секако се очекуваат опции и за понатамошни микротансакции за да опстои. Сега за сега критиките се одлични.