Играта The First Berserker: Khazan излезе на 27 март годинава и се вбројува во една од подобрите Soulslike игри која моментално се продава на Steam со 30 отсто попуст и чини 41.99 евра.

Самата игра е одлично сработена и се игра слеано за разлика од повеќето Souls игри. Анимациите се во аниме стил како и изгледот на главниот лик и непријателите, со претерано експлицитни крвави сцени, затоа е и наменета за возрасни играчи. 

 

Приказната во играта е генерична и типична за акциони игри, земен е образец од Епската Фантастика што се користи во RPG игри. Главниот јунак дозволува да биде опседнат од „фантом на меч“ и со користење на оружјето на загинат генерал од друга ера, наоѓа начин да ја освети неговата смрт како крајна цел.

Овој образец на пример го има во серијалот книги на Дејвид Дрејк – Кралицата на Островите – каде млад овчар со кралско потекло преку медаљон се спојува со својот предок кралот Карус – кој му го опседнува телото секогаш кога треба да се бори со меч и преку него победува. Исто така сличен пример од видео игри е и примерот со Артас од Воркрафт и Мечот Фростмоурн кој го корумпира за подоцна преку кацига да биде опседнат од дух на злобен некромансер од друго време. Ова опседнување во играта Khazan е прикажано и со трејлер: 

Што се однесува до самата игра се работи за поприлично тешка Souls игра каде првичните босеви се со тешкотија на последен бос во типични соулс игри. Има и систем за групирање со други играчи за co-op но тоа се отклучува после соло победување на првите три босеви. Но имате и опција да ја ставите играта на Easy на најлесна тешкотија ако не сте навикнати на нормалната тешкотија на ваков тип на игри. 

Што се однесува до борбите- комбатот е еден од најисполираните и најслеани и добро изработени акциони размени на удари, каде перфектното парирање и избегнување удари, го наградува играчот драстично за полесно да победи бос. Затоа што ваквите брзи реакции ги отвараат босевите за специјален удар додека се станирани(зашеметени) и кога ќе им се исцрпи стамината(издржливоста). 

Има само три типа на оружја – дворак меч, две сечива и копје. Можете да ги менувате пред тргање во нова мисија, но нема менување оружја кога сакате штом поченете ново ниво со одредено оружје -се менува по завршувањето на таа целина.

Дворакиот меч е оружје со голем ризик фактор но и со најдобри предности- ако ги тајмирате бавните удари правилно е најефективното оружје -кое и реално изгледа најдобро и поголем дел од базата на играчи на играта го преферираат.  Двојните сечива -double blades се користат за брзо цепкање и избегнување на удари -што знае да пролонгира тепање босеви.

Додека копјето највеќе ја оштетува стамината на непријателите и дава дистанца но со удари со средна брзина. Но во ретки случаи како оружје може да користите и околината да ги надмудрите непријателите како во следниов пример: 

Играта за разлика од повеќето Souls игри не го казнува играчот во неговиот напредок толку многу ако загине, треба да оди да ги земе душите што му паднале на дадена локација после умирање, но тоа што е важно е дека не се губат поени за скилови воопшто при смрт ниту пак стекнатите наградби и што е доста добра карактеристика можете да ги менувате талентите бесплатно кога сакате без комплицирани процеси како во Академијата во Елден Ринг. Се отвара можноста за испробување ваши сопствени билдови и буквално играње со различни комбинации на оружја и способности кои вам лично ви лежат повеќе. 

Но најнегативната страна на оваа игра е неоригиналноста на околините и нивоата на пример играта е премногу слична со Nioh игрите што се однесува до околините низ кои патувате во тесни простори, снежните стази се многу слични на Големиот Лифт во Елден Ринг. Дури има ниво во пространа пештера со токсична мочвара која отвара поголема пештера – комплетно исто како во Секиро – но место со парот џиновски Мајмуни се борите со голема мечка – која се тркала исто како мајмуните во Секиро, а личи многу на џиновските мечки од Елден Ринг.

Исто така некои околини потсетуваат и на сцени од Black Myth: Wukong особено храмовите во азиски стил додека замоците и рушевините во европски стил имаат многу слични околини како во Lords of The Fallen. И нема гледање на некои посебни таканаречени Vista пејсажи, туку далечината во играта е секогаш замаглена иако ликот застанува за кратки анимации кои се вовед во нови зони. 

Сепак неоригиналноста на околините е голем негативен фактор што играта го надокнадува со најважната карактеристика, а тоа се контролите и слеаниот комбат. Контролите се лесно адаптирачки, а самата игра и не бара компјутер подалеку од стандардна основна гејмерска машина што се однесува до спецификациите за Персонален Компјутер ниту пак да захтева којзнае каква графичка. 

Ова се официјалните оценки за играта Khazan од повеќе реномирани критичари во гејминг индустријата: 

Оценки за играта Kazhan скриншот од Steam
Фото: Оценки за играта Kazhan скриншот од Steam

Но мора да се напомене дека играта доаѓа и со предупредувања поради ескплицитното и крваво насилство прикажано на хуманоидни непријатели: 

Предупредувања на играта Khazan скриншот од Steam
Фото: Предупредувања на играта Khazan скриншот од Steam

Сè на сè -игра што вреди да се изигра и како предизвик и како навистина добра понова Souls Like игра. Специјалната промоција за 30% попуст на оваа игра на Steam завршува на 29 септември.