Препорачуваме: Игри што симулираат прошетка во природа

Magic The Gathering_Мetamorphosis / скриншот од главната интернет-страница

Додека редовни прошетки во природа секоја недела се добри за психофизичкото здравје, за оние кои не се во можност да го прават тоа, презентираме видео игри кои емулираат и симулираат прошетки во природа.

Одбрани се примери од игри со навистина добри пејсажи на шуми во повеќе игри, што е една од карактеристиките на најдобриоте RPG игри кои се сега како жанр во подем. „Харањето“ низ природа можете да го правите со јавање коњ на Вичер 3, со трчање по природа и прекачување дрвја и карпи во улогата на индијанецот Конор во „граничниот реон” во Асасинс Крид 3 и дури и со надлетување со змеј како што има во Скајрим.

Јавањето коњ во Вичер 3 стана хит од самото излегување на играта и нуди одлична релаксација и ги одмара очите. Нормално дека не е исто како да сте излезени во природа во реалниот живот, но игрите знаат и да бидат како „вид на медитација“ и тоа да ви пружи мир.

Во Асасинс Крид 3, пак, има огромна шума наречена „Погранична област“ или едноставно „Границата“ која изобилува со секаков жив свет. Оваа област е зона во играта во која најдолго се задржуваат играчите поради природата низ која пешачат или трчаат со протагонистот -ликот Конор кој е американец староседелец по потеклото на својата мајка. Самиот лик и околината се одлично сработени.

Третиот пример е прошетката во природата во легендарната „Скајрим“.

Исто така и играта Red Dead Redemption 2 нуди прекрасна можност да јавате на коњ во природа.

При модирањето на оваа игра да може да играте со Американец староседелец, за што  имаме и претходен напис.

Од MMORPG игрите ќе спомнеме три шуми во World of Warcraft иако во играта фигурираат и многу други прекрасни зони. Eversong woods е шумата на расата Bloodelf, Elwin Forest е шумата на луѓето, а шумите во областите на ноќните-елфи расата Nightelf се стартната зона Teldrassil и ноктурналната зона Ashenvale. Oсобен фактор игра и музиката во целиот амбиент на овие локации -додека општо за најдобра музика во видео игрите досега може да прочитате овде.    

Во Guild Wars 2 има секакви шумски области дури и цела експанзија со вертикалност при патувањето посветена на шумски предели – експанзијата Heart of Thornes.

Трет пример за ММО е Elder Scrolls online која навистина има што да понуди од пејсажи за прошетки и јавање на коњ низ дивина. 

Ако сте недоволно упатени во „светот на видео игрите“ и ви е нејасна гејмерската терминологија, би ви препорачале да го прочитате следниот водич.

Точно е дека девелоперите на RPG и MMORPG игри навистина посветуваат внимание да презентираат прекрасна природа во која играчите уживаат во секакви авантури во „борбата против злото“. Оваа појава често е во стартните зони и во endgame зоните каде има две или три области кои симулираат магични шуми, диви преслапи, ридови за прекачување, отворени полиња, патеки низ вегетација (која често и можете да ја наберете во игрите преку професија „хербализам“) и секакви прекрасни предели со ефекти на „магична шума“.