fbpx

Преполните станови открија зошто сме имале 1,8 милиони гласачи на 2 милиони народ

-

Со откривањето на преполните згради, станови, влезови и куќи со фантомски гласачи, стана јасно како беше можно во земја со 2 милиони жители да има 1,8 милиони гласачи на избирачкиот список.

Енигмата ја „откри“ веб-апликацијата за проверка на избирачкиот список, а пред тоа ја навести во анализата пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој напиша дека Македонија има 2,4 милиони државјани.

Граѓаните открија низа нерегуларности при проверка на личните податоци во избирачкиот список, а на социјалните мрежи пишуваат дека на нивните адреси живеаат луѓе кои тие не ги познаваат, дека на списокот има починати лица и дека има лица кои повеќе години се иселени од Македонија.

На 18 февруари  годинава, пак, Димовски во колумна за „Дневник“, насловена „Факти за Mакедонците од Пустец“, излезе со тезата дека во Македонија има 2,4 милиони државјани, па поради тоа и избирачкиот список има 1.804.000 гласачи.

Тој овој факт го поткрепува со податокот дека избирачкиот список се подготвува врз база на регистарот на државјани на Република Македонија, што го води Министерството за внатрешни работи (МВР), а во него бројот на државјани на нашата земја е поголем од 2,4 милиони.

„Во овој список се внесени сите државјани на Република Македонија кои живеат во Република Македонија, но и тие што не живеат овде или имаат формално жителство во некој град, сепак живеат надвор од Република Македонија (Австралија, САД, Kанада, повеќе европски држави, па и Албанија). Да повторам, бројот на државјани на Република Македонија е повеќе од 2,4 милиони“, напиша тој во колумната.

Оваа колумна веднаш предизвика полемика, пред сè, на социјалните мрежи, каде се тврди дека Димовски повторно ја манипулира македонската јавност и за бројот на државјани на Македонија и за големината на избирачкиот список.

Последниот официјален податок за тоа колку жители има Македонија (не државјани) е од пописот во 2002 година, според кој Република Македонија има 2.022.547 жители, што е за 3,9 проценти повеќе во однос на пописот од 1994 година.

Според последниот ажуриран податок од Државниот завод за статистика (состојба од 30 јуни 2014 година), во Република Македонија има 2.067.471 жители.

Вкрстената проверка на податоците на гласачите, пак, е при крај, а наскоро ќе почне и теренската проверка.

Од Државната изборна комисија велат дека на терен ќе се проверуваат тие гласачи чии податоци ќе бидат сомнителни во најмалку четири бази на податоци.

Избирачкиот список треба да биде ставен на увид на 17 април.

Членови на ДИК тврдат дека ќе бидат испочитувани сите рокови и дека има време да се организираат изборите на 5 јуни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...