Премиерот Зоран Заев вели дека граѓаните очекуваат администрацијата којашто ја плаќаат да работи поефикасно, а не помалку ефикасно и не го поддржува предлог – законот за скратено работно време со којшто е предвидено работната недела да трае 36 часа, а во петок да работат само четири часа.
Тој смета дека како народ треба повеќе да работиме, не помалку.
„Ако сакаме швајцарски плати треба да работиме многу повеќе од таа продуктивност што денеска ја имаме. Еве, почнувајќи од себе, па секако до сите работници, вработени и во приватниот и во јавниот сектор “, додава Заев.
Премиерот посочи дека предлог-законот за адмнистрацијата е отворен за дебати и сугестии уште неколку дена.
Според Заев, од 165.000 административци, нивниот број сега е намален на 132.000. Во моментов 15 илјади работат во министерствата.