Молдавскиот премиер Кирил Габурич денеска поднесе оставка на функцијата поради спорната универзитетска диплома.

Триесет и осумгодишниот Габурич објави дека се повлекува бидејќи обвинителите го испитувале во врска со неговите студии.

– Жалам поради прашањата за моите студии, кои станаа инструмент на политички игри – соопшти Габурич, притоа не изјаснувајќи се за обвиненијата за кои се товари.

Тој е проевропски ориентиран бизнисмен, кој стапи на премиерската функција во февруари.