Во негово „лично име и во име на граѓаните“ премиерот Христијан Мицкоски упати срдечни честитки до повторно избраниот претседател на САД, Доналд Трамп.
„Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата“, напиша Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук.
Тој додаде дека „со нетрпение“ очекува натамошно продлабочување на цврстото партнерство и соработка со САД, особено како што рече, во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи.
„Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион. Честитки и најдобри желби до претседателот Трамп и до целиот американски народ, напиша премиерот на Фејсбук“.