fbpx

Премиерот Груевски зборуваше на самитот во Џајпур

-

Премиерот Никола Груевски, вчера учествуваше на самитот „Партнерство 2015“, кој се одржа во градот Џајпур, Република Индија.

Меѓународниот економски самит „Партнерство 2015“, чија главна тема е продлабочување на економската соработка и остварување партнерства за нови релации, се одржува во организација на Конфедерацијата на индиската индустрија, која е најголемата стопанска комора што ги обединува најголемите компании во Индија, владата на индиската држава Раџастан, како и индиското Министерство за економија и промоција. Овој самит се одржува од 1995 година, а оваа година учествуваат економски делегации од вкупно 51 држава, како и претставници на меѓународни компании.

На отворањето на самитот, свое обраќање имаше претседателот на македонската Влада, Никола Груевски, кој се задржа на пријателските односи со Република Индија, како и на потенцијалите за соработка, особено во сферата на економијата како поле на заеднички интерес.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гореле диви депонии во Желино и Боговиње

Две диви депонии синоќа гореле во Полошкиот регион. Според информациите од Центарот за управување со кризи се случиле два пожари на отворен простор во последното деноноќие, во атарот на...