fbpx

Преку веб страница граѓаните ќе може да проверат дали им следува домашна платежна картичка

-

Граѓаните нема да аплицираат за домашната платежна картичка, туку преку веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk ќе може да проверат дали им следува, односно дали се корисници на некоја од платежните картички и која е нивната банка издавач, соопштија од Владата. Оттаму информираат дека страната ќе биде достапна наскоро.

Листата на граѓани корисници ја изготвуваат Управата за јавни приходи, Министерството за образование и наука и Фондот за здравствено осигурување.

Корисници на домашни картички се граѓани со низок доход, вработени со низок доход, млади лица и здравствени работници ангажирани во справувањето со Ковид-19.

Домашната платежна картичка е дел од третиот сет економски мерки кои ги најави Владата со цел справување со корона кризата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...