fbpx

Преку СМС пораки ќе се повикуваат граѓаните на вакцинација, од денеска нова кампања

-

Комисијата за заразни болести информираше дека од денеска започнуваат со нова кампања, со која сите оние што спаѓаат во ризичните групи ќе добијат СМС порака со термин и локација за вакцинација.

Како што информираше портпаролот на Комисијата д-р Злате Мехмедовиќ, СМС пораки ќе добијат граѓаните над 65 години кои имаат коморбидитети, како и лицата помлади од 65 години кои имаат поголем број на коморбидитети. Од Комисијата за заразни болести велат дека неопходно е да се зголеми опфатот на вакцинирано население во земјава, кој во моментов изнесува само 41 процент.

Вакцинацијата ќе се спроведува во здравствените домови, а матичните лекари ќе треба да ги потсетуваат нивните пациенти да се вакцинираат.

„По пресметките од Мој термин, 260.000 граѓани спаѓаат во таа високоризична група, од нив 130.000, односно половината не се целосно вакцинирани, а останатиот дел немаат примено бустер доза. Вакцинацијата треба да биде основа за понатамошно релаксирање на мерките“, изјави Мехмедовиќ.

Тој најави внимателно олеснување на рестриктивните мерки во наредниот период, но и за ова е неопходен поголем процент на вакцинирано население. Мехмедовиќ рече дека Комисијата ќе ѝ препорача на владата да се укинат ковид-сертификатите за влез во трговските центри, но и дека за рестораните ќе продолжат да важат ковид-сертификатите.

Крајната одлука за укинување на ваквите рестриктивни мерки ја донесува владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...