fbpx

Преку Оперативниот план за вработување, 20 милиони евра за фирми и поединци

-

Владата го презентираше Оперативниот план за вработување кој за оваа година изнесува над 20 милиони евра.

„Годинава како и лани Оперативниот план ги опфаќа поединците и компаниите, нуди силна поддршка за самовработување, но и за отворање нови работни места, раст на платите, како и поддршка за вработување на лица со попреченост, обуки за побарувани занимања и занаети, за дигитални вештини“,  рече премиерот Зоран Заев.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев рече дека овој Оперативен план содржи шеснаесет мерки, поделени во три групи.

Првата група мерки се насочени кон младите лица за формирање на сопствени компании односно да се самовработуваат, додека со втората група мерки се овозможува, преку процес на преквалификација и обука, компаниите да вработуваат невработени лица, а голем дел од средствата потребни за овој процес ќе бидат на терет на Владата. Последната група мерки е насочена кон стекнување на знаења од информатичка технологија, бидејќи ИТ-индустријата има голем потенцијал за раст.

„Охрабрувачки за Владата беше фактот дека минатата година, преку спроведување на Оперативниот план и преку други мерки се добија значителни резултати. Невработеноста падна за 1,3 проценти или ако го земете тоа во споредба со 20 проценти колку што изнесува невработеноста, тоа е значителен намалување. Минатата година се креирани околу 7.370 нови вработувања, од кои најголем дел, над 6.000 се во рамките на приватниот фактор, што е особено важно, бидејќи таму луѓето се вработуваат во реалната економија, што е движечка сила на одржливата економија на долг рок. Она што е поважно, само врз база на мерките од Оперативниот план, вработени се 3.934 граѓани“, додаде Анѓушев.

Министерката за труд и социјлна политика, Мила Царовска рече дека имајќи предвид дека Гаранцијата на млади ги надмина очекувањата, истата оваа година ќе се имплементира на целата држава, во рамките на што, се планира да се опфатат околу 9.500 невработени млади лица кои во период од четири месеци по евиденцијата во Агенцијата за вработување ќе добијат активација.

„Заинтересираните од денеска може да аплицираат за учество во Програмата самовработување, Субвенционирање на плати, Обука на работно место кај познат работодавач, Обука за стручни квалификации според барање на работодавачите, Обука за побарувани занаети, Програмата практиканство и Програмата за работно ангажирање -Јавни работи. Овие програми и мерки ќе бидат отворени за апликација се додека не се пополни предвидениот опфат на корисници и не се исцрпат финансиските средства предвидени за реализација“, најави директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска.

Лани, Оперативниот план за вработување имал 95 проценти реализација, и биле опфатени 6374 граѓани. Преку Младинската гаранција која што се спроведуваше во три општини, се вработија 1.839 млади луѓе, а беа вклучени 5.266 млади луѓе кои земаа учество во програмите за обука,  пракса и доквалификација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...