Ликовни педагози од трите пелагонсики општини Битола, Новаци и Могила се обучуваат како преку креативен начин да им ја претстават на основците една од најдевијантните појави во општеството – трговијата со луѓе.

Во проектот на здружението за еднакви можности „Семпер“ од Битола, „Погледни и препознај ја трговијата со луѓе преку слика“, се вклучени 12 основни училишта од регионот, кои на часовите по ликовно ќе треба да ги мотивираат децата да творат токму на темата трговија со луѓе и сите нејзини облици.

– Денска на работилница ги обучуваме и мотивираме ликовните педагози да ја вклучат трговијата со луѓе во работата на часовите по ликовно и да ги поттикнуваат учениците самите на креативен начин да творат во смисла на препознавање, превенција и заштита на децата од оваа појава – вели Ѕала Бојковска, претседател на здружението „Семпер“.

Досегашните истражувања на „Семпер“ во основните училишта во Битола укажуваат на тоа дека најголем дел од децате не можат да ги препознаат ризичните ситуации на трговија со луѓе, питачење, трговија со органи, ниту, пак, знаат како да се заштитат. Истражувањето се вршеше во 19 основни училишта во четири општини од регионот.

Лани на ниво на државата се регистрирани 83 потенцијални случаи на трговија со луѓе, а се потврдени осум случаи на трговија со луѓе, каде жртви биле осум лица од кои шест деца, едно машко полнолетно лице и една странска државјанка.

А.Б.