Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а по котлините магливо. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура се движи од 2 до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 11 до 18 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност.
Утринската температура ќе достигне до 7 Целзиусови степени, а дневната температура до 15 степени.