Деведесет Јавни комунални претприја, преку АДКОМ-Здружение за даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија со дописи до Владата на РСМ, Регулаторната комисија за водни услуги и услуги за управување со отпад и Министерство за енергетика упатија барање за повластена цена на електричната енергија за Јавните комунални претпријатија.
„Енергетската криза во 2022 година предизвика хаос, отежнување на работата и затвораье на многу препријатија. Jавните комунални претпријатија и покрај сите потешкотии и загуби кои беа направени во тој период па се до денес, остануваат да работат во интерес на граѓаните. До кога не се знае,“ пишува во соопштението на АДКОМ:
Финансиската импликација на енормно високата цена на електричната енергија е застрашувачка во однос на тековното работенье на претпријатијата. Помалку од 10% од струјата што ја трошат претпријатијата отпаѓа на административни објекти, а повеке од 90% од потрошената електрична енергија го опфака работењето на пумпните станици за питка вода, атмосферските и фекалните пумпни станици и на пречистителните станици за отпадни води.
Јавните комунални претпријатија сметаат дека во интерес на нивната ликвидност, а со тоа и во интерес на граганите е да плаќаат струја по единствена цена за киловат час.
Заради нормално функционирање и снабдување со електрична енергија бараме JКП да склучуваат договор за снабдуванье со електрична енергија со ЕСМ по цена по која ЕСМ Продажба ДООЕЛ, Скопе, jа продава на универзалниот снабдувач со електрична енергија, која служи за снабдуванье на населението односно домаќинствата и малите потрошувачи.
За истакнување е дека ЈКП на годишно ниво трошат до 50 GWh електрична енергија, што е само 1% од производството од домашни извори кое изнесува минимум 5.000 GWh на годишно ниво. Податоците се од официјални државни извори.
Доколку не се превземат соодветни мерки може да се очекува нередовно водоснабдување на населението и пречистување на отпадните води, што во крајна линија ќе го загрози здравјето на населението во целата држава и ќе прдизвика несогледливи еколошки проблеми. АДКОМ и 90 Јавни комунални претпријатија очекуваат и апелираат надлежните да ја разберат неопходноста и итноста на носење на ваква одлука, која, напоменуваме е од интерес на сите.