Медиумите го зголемија своето влијание во општеството во текот на овие денови на пандемија, но и тие не се имуни на грешки. Неодамна во Косово беше забележано прекршување на етичките норми, кога порталот „Сињали“ објави лични податоци на 210 граѓани, главно Срби и Роми, кои се сместени во карантин во Северна Митровица и други градови.

Имињата, адресите и датумите на раѓање на 210 граѓани од Општина Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ, Грачаница и Партеш беа објавени на овој портал, кој, по реакциите, ја корегираше грешката со покривање на личните податоци.

Покривањето на личните податоци е во согласност со новинарските етички стандарди, затоа што се исполнува јавниот интерес и, како резултат, се заштитува приватноста на граѓаните.

Сепак, истата вест беше објавена од други портали, вклучително и тој на јавниот радиодифузен сервис на Косово, кои што исто така ги објавија документите со кои се идентификуваа сите 210 лица, но овие портали не ги покрија личните податоци и не ги почитуваа етичките стандарди на новинарството.

Во политичкиот контекст, неспорен е фактот дека постои јавен интерес заради начинот на кој е донесено решението за над 200 граѓани на Косово, но не е неопходно да се открие идентитетот на граѓаните кои живеат во тие општини, исто како што не беа откриени личните податоци во други случаи кога некои општини во Косово беа ставени во карантин.

Медиумите мора да бидат многу внимателни во однос на почитувањето на приватноста на лицата сместени во карантин или погодени од корона вирусот. Новинарите не треба да го откриваат идентитетот на тие лица, и покрај фактот дека вестите може да привлечат кликови. Етичките норми на новинарството го третираат етичкото известување во однос на  приватноста или јавниот интерес и предвидуваат дека за лицата кои не се јавни личности, идентитетот не треба да биде откриен во известувањето, туку треба да се користат само иницијали.

Дрен Гегури