Денеска (08.09.2025) во 15:56 часот во ОВР Гостивар била пријавена сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во која учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила. Според првичните информации, пет лица се повредени.
Поради несреќата, сообраќајот на овој дел од патот е целосно во прекин. Полициските службеници од ОВР Гостивар го пренасочуваат движењето по споредни локални патишта кај Прогрес каменолом и Панорама кај Вруток.
