Масовниот протест на студентите во Белград на кој покрај нив учествуваа стотици илјади граѓани, беше насилно прекинат откако дојде до инциденти од правец на Пионерскиот парк пред зградата на Претседателството, каде во шатори се сместени поддржувачи на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
NAJVAŽNIJI INFO: Iz pravca Pionirskog parka su bačene flaše i kamenice. Ovaj protest više nije studentski. Redari su skinuli markere. Mole se svi da napuste prostor oko Skupštine.
— FDU u blokadi (@sviublokade_fdu) March 15, 2025
Исто така, српските медиуми јавуваат дека бил користен т.н. звучен топ, кој создава силен звук, има долг дострел и се користи за растерување народ, но чие користење е забрането со закон.
View this post on Instagram
Овој инцидент се случи за време на одржувањето на 15-минутниот молк, што беше планиран од 19:00 часот. Веднаш по инцидентот, студентите-редари ги соблекоа своите елеци и ги повикаа насобраните граѓани да се повлечат бидејќи овој протест повеќе не е нивни. Самите студенти се повлекоа на факултетите, а полицијата со оклопни возила стоеше цел час пред Правниот факултет во Белград но се повлече. Се очекува претседателот Вучиќ да има обраќање до јавноста во 22 часот.
Slavija – 15 minuta tisine pic.twitter.com/v5nu5ZUP4z
— CRTA (@CRTArs) March 15, 2025
Српското министерство за внатрешни работи соопшти дека на повеќе локации во центарот на Белград дошло до инциденти и тепачки на дел од учесниците на денешниот протест, кои на повеќе наврати, наводно, ги нападнале припадниците на полицијата, обидувајќи се да ги спречат во обавување на своите должности и да предизвикаат поголеми нереди.
Според српските медиуми, можно е во инцидентот да биле вклучени прпадници на навивачката група „Гробари“, односно делот од оваа навивачка група која себе се нарекува „Хиени“. Според ТВ Н1, навивачите палеле бакљи, ја вреѓале полицијата, скандирале и провоцирале.
Инаку, на големиот протест во Белград, студентите испратија силна порака за истрајност во борбата за правда, права и подобра иднина. Главната бина беше поставена на плоштадот Славија, а дополнителни платформи беа поставени на неколку други локации вклучуваќји и пред Собранието.
„Ноќта е најмрачна пред зората“
Во својот инспиративен говор, една од студентките ги потсети присутните на патот што го изминале досега:
„Се случи Славија, сто илјади луѓе. Нашите барања ги доставивме до обвинителството. Протестиравме со уште поголема мотивација. Ја дочекавме Новата година на улица. Прошетавме 80 километри до Нови Сад. Блокиравме три моста. Одлучивме да ги браниме нашите уставни права во градот каде што беше донесен првиот српски устав“, рече студентката пред насобраниот народ.
Таа потсети и на поддршката што ја добија од различни градови низ Србија:
„Следеше Нови Пазар, каде што стоевме заедно, бранејќи ги нашите заеднички идеали. Никогаш не сме биле побројни и никогаш посилни. Северот и југот се споија. Величествениот Ниш беше вовед за денешен Белград. Нема да ги заборавиме солзите со кои нè пречекаа, прегратките што ги споделивме, пределите низ кои поминавме, раните што ни ги преврзавте, заморот што ни го олеснивте“, додаде таа.
Посебно место во говорот им беше посветено на осмомартовските протести, каде што жените беа во првите редови, заедно со студентите и работниците.
„Погледнете каде сме, погледнете колку сме! Вашиот глас вреди! Вашиот глас го слушаме! Вашиот глас ќе трае! Да ја разбудиме Србија заедно! Да истраеме во борбата за студентите, земјоделците, просветните работници, адвокатите, фармацевтите, лекарите, уметниците, новинарите, инженерите! За сите изгубени животи и за оние што ќе ги изгубевме ако продолжевме да молчиме! Ноќта е најмрачна пред зората! До исполнување на барањата!“ – заврши студентката, добивајќи громогласен аплауз.
По говорот, на големиот екран беше прикажан документарен филм за досегашната студентска борба. Протестот продолжи со поддршка од различни професии и групи, испраќајќи јасна порака дека битката за правда не е завршена.
Говори држеа уште шестмина студенти по што изведба имаше и Блокадниот хор, кои меѓу другото ја изведоа и српската химна. По хорот се одржа 15-минутно молчење, пред чиј крај се случи инцидентот и протестот беше прекинат.