fbpx

Прегрупирања или само дефокусирања на македонската политичка сцена?

-

Таман кога македонската јавност се олабави и мислеше дека коалицијата помеѓу владејачките Социјалдемократски сојуз на Зоран Заев и Демократската унија на Албанците на Али Ахмети е гранитно цврста – таа се разниша. Двете партии, двете жртви на насилствата во македонскиот парламент кога беа повредени премиерот Зоран Заев, пратеници и новинари ја растурија љубовта – или барем така изгледаше – ни помалку ни повеќе, токму кога требаше да му биде одземен имунитетот на поранешниот претседател на Парламентот Трајко Вељаноски.

Со остри зборови, Социјалдемократите ја обвинија партијата на Ахмети од која е актуелниот спикер Талат Џафери и чиј избор беше повод за насилствата, дека шурува со партијата на бегалецот и политичкиот азилант Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ) само за да го заштити Вељаноски од притвор/затвор. СДСМ, во ескалацијата на препукувањето, дури потсети дека теоретски влада е можна е без Ахмети.

Ова не е баш јасно за обичниот човек во Македонија, кој уште живо се сеќава дека „падна крв“ Џафери да биде избран, а сега токму тој прави се човекот (Вељаноски) кој е осомничен дека бил еден од организаторите на тој крвав инцидент, да остане на слобода!

Но, ништо не е така едноставно и повторно се покажува дека во политиката ништо не е онака како што изгледа на прв поглед.

Се ближат претседателски избори кои, повторно наликуваат на македонска салата, но со силен албански зачин: Социјалдемократите тешко можат да изберат претседател ако тој не биде поддржан од Ахмети и неговата партија, на која пак како дамоклов меч и висат неколку обвиненија за местење изборни резултати и корупција кога беше во коалиција со партијата на Груевски.

Да, Ахмети сега со намигнувањето кон ВМРО-ДПМНЕ, како да бара да биде поштеден од истрагите и обвинувањата на Специјалното јавно обвинителство кои ги гони криминалите кои произлегуваат од серијата прислушувани разговори и со тоа ја условува поддршката на секој чекор на Зоран Заев.

Нивната заедничка средба пред некој ден не донесе ништо посебно ново, освен дека се договориле дека ќе имаат т.н. консензуален кандидат за претседател, кој треба да се објави на 5 март.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...