Во сообраќајна несреќа вчера во близина на населбата Карач во Стар Дојран загинал Ристо Б. (77) од Гевгелија.

Во загинатиот пешак удрл Д.С (25) кој управувл со „Опел Корса“ со светиниколски регистарски ознаки.

Повредениот бил пренесен во болница во Гевгелија, а потоа и во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје каде им подлегнал на повредите.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.