Во жанрот на платформските игри познати и како „Платформери“ ( 2D игри со скокање на платформи и тепање непријатели и избегнување стапици) има големо враќање на тоа како новите вакви игри ги подражаваат првичните игри овој тип, но истовремно донесувајќи многу новитети во најнови верзии на инвентивни платформери.

Neva

 

Игра со свој стил на играње каде играте со женски лик што се грижи за бело волкче кое постепено расте како прогресирате низ потешки нивоа и прераснува во прекрасен голем бел волк којшто е секогаш покрај вас во играта. 

Тоа што е видно забележливо во оваа игра е што највеќе се имитира атмосферата на анимето „Принцезата Мононоке“ од јапонското „Студио Гибли“.

Дел од играта има сосема исти околини и слични непријатели. Сепак оваа игра преставува предизвик да се помине до крај. Иако е излезена пред година дена, ја има тешкотијата на првичните платформери со интерсни нови механики и позахтевно тајмирано скокање одошто содржат другите вакви игри, но и нова далечна перспектива како во анимиран филм. 

Constance

 

Втората препорака за плаформска игра е рачно цртаната метроидванија – посебен тип на платформски игри слични во стилот на „Метроид“ серијалот. Играта се вика „Constance“ каде играте со сликарка која навидум нема оружје, но носи голема четка за сликање со која го бои светот во играта, но има и бројни борби со непријатели.

Таа се движи во свет што се распаѓа што е воедно и алегорија за внатрешниот свет на психата и креативноста на ликот- сликарката „Constance“. Слеаноста на движењата е одлична, а механиките интересни низ нов концепт за вакви игри што во потконтест има порака дека е подобро да се слика (бавење со уметности) одошто да се војува. Иако и двата фактори се застапени во оваа видеоигра. А според приказната херојката гледа да си го одржи менталното здравје.

Ninja Gaiden: Ragebound 

 

Трета препорака е играта „Ninja Gaiden: Ragebound“ каде не играте со Риу Хаибуса – познатиот протагонист на „Ninja Gaiden“ серијалот туку со пониско рангиран нинџа по име Кенџи, којшто допрва се докажува во вештините „на терен“, а главна мисија му е да го спаси своето село од демони: 

Оваа игра го присвојува некогашниот стил на првите платформски „сајдскролери“ што се играа „на времето“ во флиперници. Графиката е наменски намалена -а деталите се појачани, борбите се брутални, а замките многубројни.

Сепак оживување на овој стил е шанса повозрасните гејмери да се потсетат како било порано, а новите гејмери да бидат инспирирани да ги истражат и понатамошно „постарите вакви игри”, иако синергијата на старо и ново во „Ninja Gaiden: Ragebound“ е навистина доста добро вклопена во целиот контекст.  

За други претходни препораки за други плаформски игри може да прочитате поранешни написи за игрите: Hollow Knight и Castlevania . Додека за „Assassin’s Creed Chronicles China“ , „Ghost and Goblins“ и играта „Inside“ може да прочитате на следниот линк , како и за други платфомски игри тука и овде.